Иако се чини дека богатите имаат пари да купат се што ќе посакаат, сепак, тие добро размислуваат пред секоја инвестиции.
- Спонтани набавки
Колку и да изгледаат примамливо некои работи, има многу богати луѓе кои многу ретко купуваат спонтано. Милијардерот и инвеститор Ворен Бафет објасни во едно интервју: „Ако купите работи што не ви се потребни, наскоро ќе мора да продадете работи што ви се потребни“.
- Работи што не траат долго
Следното нешто на што богатите луѓе ретко трошат пари е работи кои немаат долг рок на траење. Наместо постојано да трошат пари на најновите електронски уреди, тие претпочитаат да инвестираат во некој уникатен и квалитетн уред. Како што напишал авторот на „The Eventual Mllionare“: „Сретнав многу милионери кои имаат стари мобилни телефони, а не најновиот модел“.
- Последователна исплата
Не е важно дали станува збор за заборавена сметка, заем или осигурување: никој од нас не е задоволен кога ги плаќа сметките со задоцнување, а истото важи и за богатите. Имено, секоја наредна исплата е товар на буџетот, а притоа има и непотребни каматни стапки. Затоа богатите луѓе се грижат да платат сè на време.