Боемската улица во скопско Дебар Маало секоја вечер е блокирана од коли. Екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК вечерва затекна десетина испаркирани коли на пешачката улица, а сопствениците беа гости во кафеаните. Никаде нема пајак служба да ги подигне непрописно паркираните возила од кои најголем дел се џипови, мерцедеси и ауди.
Искршени се и бетонските столпчиња кои Општината ги стави за да спречи паркирање.
Ваквата слика е постојана од отворањето на улицата во времето на ексградоначалникот Андреј Жерновски до сега.
Градоначачникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека единствено решение е улицата да се затвори за сообраќај, за што е изготвено сообраќајно решение и чекаат дали Министерството за внатрешни работи ќе го одобри.