Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, објави дека во буџетот за следната година се предвидени 246 милиони денари за брзиот автобуски превоз, проект за првпат промовиран од поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Актуелната градоначалничка, Данела Арсовска, пак, кажа дека за јавниот превоз во Скопје има друго решение.

Би сакал да потенцирам дека тендерската постапка за овој проект е во тек и сакам да го упатам апелот до Град Скопје да ги преиспита најавите за откажување на овој проект“, рече Бочварски.