Владата ветува дека ќе направи се да го заштити Охридскиот регион според препораките на Унеско, за кои набрзо ќе се расправа на владина седница.
УНЕСКО во прелиминарен извештај препорачува Охридскиот регион да биде впишан на листата на светско културно и природно наследство во опасност.
Министрот за транспорт Благој Бочварски се заканува дека ако локалната власт нема волја да ги решава проблемите, тогаш тоа ќе го направи Владата.
„Тоа што е потребно е силна кординација помеѓу сите инстанци на власта и центалните инистуции и локалните кои што имаат свои ингеренции за справување со одредени состојби како решеавање со дивоградбите“, вели Бочварски.
Во извештај на УНЕСКО се вели дека три и пол години ништо не е направено да се спропведат препораките, како што се, несправување со дивоградбите, немањето депонија, нефункционалниот колектор како и некотролираната урбанизација.