Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски преку социјалната мрежа facebook дека семејството на Верче Белчовска ќе добие стан во Струмица.
„Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.
Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост“, напиша Бочварски.