Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при посетата на Неготино, истакна дека „Синохидро“ во изминатиот период биле во координирана комуникација со Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта и со сите подизведувачи во насока на решавање и расчистување на сите прашања, коишто се отварале во текот на изградбата.
Според него, без да се прави политички притисок, туку со стручна анализа ќе се дојде до најдобарата политичка одлука за завршување на автопатот.
Поддршката на ФИДИК експертот за автопатот Кичево-Охрид, како што појасни, ќе биде во насока во кој правец треба да продолжи државата за завршување на овој проект. Експертите кои Јавното претпријатие за државни патишта дополнително ќе ги ангажира ќе бидат во насока на најдоброто можно решение за свлечиштата и косините, што се реален и голем проблем на голем дел од трасата на автопатот Кичево-Охрид..