Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски негира дека има грчко-спрско лобирање и внатрешен институционален отпор за оспорување на изграбдата на патната и железничката инстраструктура во рамките на Коридорот осум, кој како паневропски коридор треба да ја поврзува Северна Македонија со Бугарија и Албанија преку автопат и пруга.
Бочварски тврди дека прави сериозни напори да привршува изградабата на Коридорот осум преку одглавување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, реконструкцијата на патната инфраструктура на Источната страна од Куманово кон границата со Бугарија, како и решавање на проблемите околу изградбата на пругата од Куманово до бугарската граница.
Тој признава дека има сериозни проблеми околу изградабата на автопатот Кичево-Охрид поради обрусување на косините за што морало да се репроектира една четрвртина од проектот.
„Има два вида на проекти коишто се работат во однос на косините и на репроектирање на овој автопат. Првите се техничките проекти кои се веќе готови, одобрени се со ревезија. Вториот апект е инфраструктурните проекти кои се 70 на број, за кои во министерството формиравме посебна група коишто работи на само овие инфраструктурни проекти. За два месеци сме одобриле 30 вакви проекти проекти. Тоа значи дека на триесет позиции на овој автопат може да продолжи непречено да се работи. Таму каде што е потребно да продолжи експропријација, таму каде што е државно земјиште може веднаш да се работи. Така активно работиме, овој проект се чувствува дека се одглавува“, вели Бочварски во интервју за порталот zoom.mk.
Според него, Јавното претпријатие за државни патишта преговара со кинеската компанија за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид бидејќи договорот завршува оваа лето.
„Како државата треба да ги договориме принципите по кои што би продолжил или дали би продолжил овој изведувач на терен како што беше досега. Така што преговоирите се во тек и очекуваме наскоро да имаме разрешница, после што ќе оди на Собрание за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево Охрид“, вели Бочварски додавајќи дека бараат прецизни рокови од страна на изведувачот до кога би бил готов автопатот затоа што владата дала прицизни рокови до кога ќе бидат готови проектите.
Во врска со градежните работи на Источната страна на Коридорот осум од Куманово кон граничниот премин Деве Баир, министерот Бочварски вели дека во тој потег се реконстуира патот од Куманово до Страцин во должина од 30 километри како и патот Ранковце – Крива Паланка.
„Работиме на експресен пат од Крива Паланка до Ранковце, кој што е паралелно со постоечкиот пат. Така кон Бугарија на северниот дел од државата на коридорот осум имаме инвестиција преку 90 милиони евра на изградба и реконструкција на патиштата. Работиме и на реконструкција и проширување на трета лента таму каде што нема од Крива Палнка до Деве баир“, додава тој.