Превозникот БЕСА транс доставил уредна документација и добил лиценца за превоз на патници, изјави на вечерашната прес-конференција министерот за транспорт и врски, Благој Бочарвски.
Тој додава дека превозникот ги исполнил условите и до овој момент има уредна лиценца.
Во однос на опожареното возило Бочварски ги потврди информациите дека го нема во електронската база на министерството, додавајќи дека фирмата превозник била должна да го пријави во рок од 15 дена.
Бочварски соопшти дека е почната постапката за одземање на лиценцата на превозникот и најави вонреден надзор, со кој ќе се исконтролира работењето на спомената агенција.