Динамиката на реализација на инфраструктурните проекти, финансирани со поддршка на Европската Унија, беше тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир и директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Михела Матуела.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, акцент на средбата беше стави на проектите во патната и железничката инфраструктура, како важен сегмент во евроинтегративните процеси на земјата.

Министерот Бочварски ја потенцираше огромната важност на поддршката што Европската Унија и ја овозможува на земјава за финансирање на капиталните проекти и нагласи дека евроинтеграцијата како стратешка политика на државата е врвен приоритет.

– Република Северна Македонија останува посветена во реализација на Националната инфраструктурна стратегија преку реализација на крупни инфраструктурни проекти со кои се подобрува и развива целокупната инфраструктурна мрежа во државата, се додава во соопштението на Министерството.