Пејачот Боби Браун во новата епизода на „Red Table Talk“ зборуваше за неодамнешната смрт на неговиот син Боби Браун Јуниор и неговата „нестабилна“ врска со починатата сопруга Витни Хјустон.

Минатиот месец беше откриено дека Боби Јуниор починал од смртоносна мешавина на наркотици. На обдукцијата беше утврдено дека во крвта имал алкохол, кокаин и фентанил. Неговата смрт се води како случајна.

Боби изјави дека неговиот син не бил наркоман, туку дека експериментирал со различни работи.

„Не беше зависник од наркотици, како јас некогаш. Јас бев зависник. Тој беше момче кое пробуваше погрешни работи и тоа го одведе во смрт“, изјави тој.

Фото: Профимедиа

Браун објасни и поради што чувствува вина за смртта на својот наследник.

„Знам дека како млад правев многу работи и свесен сум дека тоа одигра улога во тоа мојот син да се одлучи да експериментира“, изјави Браун.

Пејачот потоа ја спомена и ќерката Боби Кристин Браун, која почина во 2015 година, исто така од предозирање. Нејзиното безживотно тело беше пронајдено во када.

Фото: Профимедиа

„Загубата на Боби беше неочекувна, исто како и загубата на Боби Кристин. Пред тој ден бевме заедно во студиото“, изјави тој.

Браун исто така откри дека неговата врска со Витни Хјустон страдала поради нивното дрогирање.

„Прекумерно се опивавме и дрогиравме. Постојано се каравме, а се сакавме уште повеќе“, објасни Боби.

Фото: EPA/WILLIAM CONRAN

Иако призна дека нивната љубов станала „катастрофална“ тој изјави дека „нивната љубов била силна во смисла еден за друг, односно дека тие си се покажувале еден на друго повторно и повторно секој ден“.

„Целиот тој живот не вшмука како вртлог, а тоа не беше врзано за нашите чувства. Љубовта секогаш беше тука“, раскажа тој.