Македонскиот играч за врска Бобан Николов е нов играч на ФК Шериф Тираспол. Договорот го потврди самиот клуб на нивната интернет страница. Молдавскиот тим е на чекор до Лигата на шампионите откако претходно ја шокираше Црвена Звезда  и ги елиминираше во квалификациите, а сега во првиот меч од плеј офот убедливо славеше и против Динамо Загреб со 3:0. Ова веројатно значи дека во групната фаза од ЛШ ќе имаме и наш фудбалер.

Инаку, Николов последно играше за италијанскиот тим Лече, секако беше дел од историскиот настап на Македонија на ЕП.