Судот во Милано донесе одлука дека Милан му должи на Звонимир Бобан 5,3 милиони евра отштета за отказот во март.
Бобан го тужеше својот поранешен клуб каде што работеше како спортски директор затоа што сметаше дека отказот е незаконски.
Истиот го доби откако влезе во јавен конфликт со клупскиот шеф Иван Газидис кој ја опиша својата одлука како оправдана.
Легендарниот играч на Милан како што тврдеше јавно, не бил известен од Газидис дека клубот преговара со Ралф Рангник како нов тренер.
Германецот не дојде во Милано, но тој беше „виновникот“ за отказот на Бобан. Хрватот го тужеше Милан и на крајот го доби спорот, а италијанскиот великан има право на жалба, што ќе ја одложи пресудата.