ГЕРБ на Бојко Борисов е во предост со 25,63 отсто освоени гласови, партијата на шоуменот Слави Трифунов „Има таков народ“ има 18,34 отсто, БСП на Корнелија Нинова засега има 14,87 отсто, а „Демократска Бугарија“ на поранешниот министер за правда Христо Иванов има 10,27 отсто. Следува „Движењето на права и слободи на Мустафа Карадаи со 9,08 отсто, а „Исправи се„ Мутри излези“  на поранешниот народен правобранител Маја Манолова доби 4,95 отсто.

Според податоците на Централната изборна комисија, ВМРО засега не влегува во следното Бугарско национално собрание затоа што не го поминува прагот од 4 отсто, односно има – 3,55 проценти од гласовите. Под прагот остануваат партијата на најбогатиот бугарски бизнисмен, кој се крие од правдата во Дубаи – Васил Божков, чија формација БНО доби 3,14 отсто, како и партијата „Преродба“, која има 2,79 проценти од гласовите.