Боби Бојчевски, национален координатор во Независниот синдикат на здравствени работници за Радио Слободна Европа тврди дека нема партиски влијанија во најавата за протести. Бараат и итно да се реши случајот на Клиниката за онкологија кој беше откриен откако проговори медицинска сестра.
-Првото барање е платата да се покачи 30% за сите здравствени работници, од административен персонал па се до доктор. Второто е за колективниот договор бидејќи овој договор што е моментално е најлошиот во историјата што постои во здравствениот систем на Република Северна Македонија, бенефициран стаж за луѓето кои работат на рендген институти и психијатриските болници. Четвртото барање е да се зголеми коефициентот и петтото барање е за големиот број млади луѓе кои работат под некаков договор на дело. На пример има лаборанти, млади деца кои осум часа работно време професионално си ја извршува работата и зема само 20 илјади денари. Не е пријавен ни пензиско ни здравствено и има само седум дневен работен одмор. Очекуваме да се реши и нивниот статус, вели Бојчевски.
Целиот текст на Радио Слободна Европа