Не се очекува промена на позицијата на Бугарија во однос на ветото за Северна Македoнија, јави денеска Бугарското национално радио повикувајќи се на свои извори.
Според нив, Софија останува на позиција дека немало напредок со Скопје по однос на исполнување на Договорот за добрососедски односи во целост.
Во Луксембург денеска се дискутира во Советот за општи работи на кој се очекува одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија. Повеќе министри од ЕУ држави упатија поддршка за Скопје и Тирана пред почетокот на состанокот и побараа да не се блокираат двете држави поради постигнатиот реформски напредок.