„Блумберг“ анализира дека поради различното темпо на вакцинација, кое е далеку повисоко во богатите Западни земји отколку во остатокот од светот, е причина поради која ќе бидат потребни 7 години, со сегашното темпо, за да се вакцинира 75% од населението, односно да се постигне колективен имунитет и животот да се врати во нормала.
Според податоците на оваа агенција, кои се ажурираат секој ден, Соединетите држави би ја постигнале целта, точно на крајот на оваа година, иако стапката на вакцинација во сојузните држави е различна.
На Канада, со моменталното темпо на вакцинација ќе и бидат потребни 9 години и 7 месеци да постигне 75 отсто, бидејќи компаниите Фајзер и Модерна, испорачаа само мал дел од нарачаните 40 милиони вакцини.
На Кина ќе и бидат потребни 7 години, а на Бразил 3 ипол.
На европскиот континент, лидер е Британија каде со ова темпо, за 6 месеци ќе бидат вакцинирани најмалку 75 отсто од граѓаните. По нив е Унгарија, каде се потребни нешто помалку од 2 години, а потоа се Италија, Франција, и Германија каде целта од 75 отсто би се постигнала во перидот меѓу 3 и 4 години.
Од соседството, Блумбрег предвидува дека Србија ќе ја заврши вакцинацијата до мај идната година, додека на Грција ќе и бидат потребни речиси 2 ипол години.
Според последните информации, само во петокот се вакцинирани два запирка три милиони луѓе во светот.
До сега, вакцинацијата почна во 73 држави во светот, а вакцинирани се 64 милиони луѓе.