
Огромен брод со контејнери го блокираше Суецкиот канал откако се насука под налетот на ветерот, објави утрово бродската компанија што управува со него, а сообраќајот запре на една од најпрометните поморски рути во светот.
Тајванскиот брод „MV Ever Given“, е долг 40, а широк 59 метри.
– Advertisement –
„Бродот со контејнери се насука, веројатно затоа што го погоди налетот на ветерот“, објави компанијата „Евергрин Марин Корп“, пренесуваат светските медиуми.
Компанијата потенцираше дека е во контакт со сите страни со цел да му помогне на бродот во најбрз можен рок.
Агенцијата Блумберг објави дека по инцидентот над 100 бродови чекаат да поминат низ каналот.