Жителите на Никуштак и Арачиново денеска го блокираа патот кој ги поврзува двете села. Блокадата траеше неколку часа. Незадоволните граѓани велат дека постојано бараат решение за проблемот со дивите депонии кои се наоѓаат покрај патот, но никој не презема мерки за нивно чистење. Додаваат ако скоро нешто не биде преземено, секој петок ќе се организираат и ќе излегуваат на протест.
„И порано протестиравме, но никој не презема мерки. Отсега секој петок ќе протестираме. Или нека исчистат или секој петок ќе има протест. Нека разбере општината дека ова не е од вчера или денеска, туку проблем од пред 20 години“, вели демонстрант.