Блок 3 на РЕК Битола е вратен во функција во 10:24 часот и испорачува електрична енергија во електроенергетскиот систем, соопшти АД ЕСМ.

Стручни екипи од комбинатот ги прават неопходните подготовки за почеток на операциите за враќање на мрежа и на Блок 1. Се очекува вечер и оваа постројка да биде ставена во функција.

Двата блока на РЕК Битола изутрината испаднаа од мрежа заради проблем предизвикан во транфостаницата на АД МЕПСО која се наоѓа во непосредна близина на комбинатот.

Потребите на потрошувачите за електрична енергија во моментов се задоволуваат од домашните капацитети на АД ЕСМ.