Заклучно со податоците од 5-ти октомври, со кои располага Управата за јавни приходи, близу пет илјади работодавачи кои не исплатиле плата на работниците за месец август, а приближно иста бројка на работодавачи воопшто не поднеле пресметки за исплата на плата за повеќе од 10.000 работници. Ова секако е разочарувачка бројка, а како што вели директорката на УЈП Сања Лукаревска вели дека како институција се борат против оваа појава. На прашањето како е можно се уште низ системот на УЈП да поминуваат плати помали од минималецот, Лукаревска вели дека тоа е едно неславно законско решение и тие поднеле неколку пати иницијативи да не се случуваат вакви неправедности. Лукаревска вели дкеа ова треба на повисоко ниво да се разгледа и да се пушти во собраниска процедура.
-Сите заеднички ќе мора да се бориме против оваа појава. Исплаќањето на плата е на некој начин е човечко право, кое што мора ние овде во нашата држава да го гарантираме, ако сакаме да понудиме добри услови и на сите оние странски компании кои сакаат да инвестираат тука, но и да овозможиме еден успешен животен стандард, изјави директороката на УЈП, Сања Лукаревска која во Штип присуствуваше на дебата на 6. Текстилијада во Штип, во организација на „Гласен текстилец“.