Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во видео обраќање до Советот за човекови права на ОН во Женева во вторник го постави прашањето дали Русија заслужува да остане членка на овој совет по нејзината инвазија на Украина.
„Разумно може да се запраша дали една земја-членка на ОН која се обидува да заземе друга земја-членка на ОН, додека врши ужасни прекршувања на човековите права и предизвикува огромни хуманитарни страдања, треба да и биде дозволено да остане во овој совет“, праша Блинкен во видео обраќање до највисокото тело на ОН за човекови права.