Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен изјави дека припадниците на руските сили извршиле воени злосторства при инвазијата врз Украина.
„Нашата проценка се заснова на внимателен преглед на достапните информации од јавни и разузнавачки извори“, истакна Блинкен.
Тој додаде дека „како и за секое наводно кривично дело, судот има јурисдикција за утврдување на кривичната вина во конкретни случаи“.