Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја обвини Русија дека извршила воени злосторства со нападите врз цивили во Украина.
– Намерното таргетирање цивили е воено злосторство. По целото уништување во изминатите неколку недели, тешко ми е да заклучам дека Русите спротивно постапуваат, наведе Блинкен.
Тој најави дека американскиот претседател Џо Бајден на утрешната средба со кинескиот колега Си Џинпинг ќе го предупреди Пекинг да не и дава воена помош на Русија за нејзината војна во Украина.
– Претседателот Бајден утре ќе разговара со претседателот Си и јасно ќе стави до знаење дека Кина ќе сноси одговорност за какви било активности што ќе ги преземе за поддршка на руската агресија. И ние нема да се двоумиме да наметнеме трошоци, нагласи Блинкен.
Блинкен додаде дека Русија не вложува сериозни напори во преговорите со Украина за ставање крај на тринеделната војна.
– Од една страна, ја пофалуваме Украина што е на маса и покрај тоа што е под бомбардирање секоја минута од денот. Во исто време, не видов никакви значајни напори од страна на Русија, истакна Блинкен.