Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен денеска изјави дека Западот е обединет и во санкциите и во зголемувањето на помошта за Украина.
На брифинг во Вашингтон Блинкен рече дека Западот е обединет во повикувањето на Владимир Путин да им дозволи на украинските цивили веднаш да ги напуштат местата на нападите.
– Хуманитарните коридори кон Русија и Белорусија се апсурдни, рече тој.
Блинкен наведе примерот на Суми покажува оти се можни хуманитарни евакуации, но оти тоа треба да биде многу пошироко од еден град.