Американскиот државен секретар Антони Бликен денеска ја заврши дводневната турнеја на Блискиот Исток, чија цел беше да се осигура прекинот на огнот кој беше постигнат со посредство на Каиро, а со кој беше ставен крај на 11-дневните смртоносни воздушни напади меѓу Израел и палестинските милитанти во Газа. Блинкен повика на регионална соработка за да се избегне повеќе „вознемирувачко насилство“.
Advertisements
„Обезбедувањето на примирјето беше важно, особено поради катастрофалното насилство врз семејства од двете страни“, изјави Блинкен пред новинарите по состанокот со јорданскиот крал Абдула Втори во Аман, каде беше неговата последна станица од турнејата.
„Ние гледаме на прекинот на огнот не како крај, туку како почеток на нешто да се изгради. Кралот на Јордан го повтори повикот на Бликен, истакнувајќи ја „клучната улога на Соединетите држави во притисокот за повторно започнување на ефективни преговори“.