Со додавање зачини го подобруваме вкусот на храната и ја правиме поздрава, поразлична и поинтересна. Затоа тие се неразделив дел од бил кој оброк.

Зачините во храната не само што ја прават да биде повкусна туку истовремено од нивната правилна комбинација зависи и нивното позитивно влијание над метаболитичките процеси во организмот, а се намалува ризикот од појава на разни заболувања.  Зачините дозволуваат разни комбинации, а за незаборавен вкус најдобра комбинација е куркума и црн пипер.

Нераздвоен тандем

Куркумата содржи куркумин, соединение кое ѝ ја дава жолтата боја, а воедно оима антивоспалителен и антиоксидантен ефект. Ги чува здравите клетки од слободните радикали кои штетно им влијаат. Тој се исфрла лесно затоа што метаболизмот му е брз и се исфрла преку црниот дроб.

Фото: Профимедиа

Црниот пипер е соединение пиперин кој ја подобрува апсорбцијата на хранливите материи во организмот и истовремено го детоксицира црниот дроб.

Со комбинирање на двата зачина се зголемува количината на куркумин што телото е во состојба да ја апсорбира и искористи. Причината за тоа е способноста на пиперинот да ја успори обработката и излачувањето на куркумин од црниот дроб. На тој начин телото подолго време има корист од позитивното влијание на куркуминот.

Ова не е единствената придобивка од комбинацијата на двата зачина. Тие ги намалуваат воспалителните процеси во телото, засилувајќи го неговиот одбранбен систем. Куркумата и црниот пипер во комбинација се добри за правилно функционирање на мозокот, односно го намалуваат ризикот од деменција и Алцхајмерова болест. Нивните антиоксидативни својства ги заштитуваат мозочните клетки и ја подобруваат меморијата, зголемувајќи го протокот на крв во мозокот.

Исто така имаат корисен ефект на дигестивниот систем, подобрувајќи го варењето на храната. Воедно ги намалуваат гасовите и надуеноста на стомакот, како и сите воспалителни процеси.

Намален ризик од разни заболувања

Корисните материи во нив го поддржуваат процесот на апсорбција на хранливите материи и ја подобруваат перисталтиката на цревниот тракт.

Срцевите заболувања се намалуваат со редовна употреба на комбинација од двата зачина. Благодарение на куркуминот ендотелните клетки функционираат подобро и се намалува ризикот од кардиоваскуларните заболувања.

Фото: Профимедиа

Куркуминот и црниот пипер исто така имаат антиинфламаторни својства и ги ублажуваат артитичните болки. Во комбинација тие имаат антиинфламаторно дејство, уништувајќи ги слободните радикали.

Главните состојки ка куркумата и црниот пипер- куркуминот и пиперинот, помагаат во лекување на витиликгото со стимулирање на кожата да произведува меланоцити, пигменти потребни за намалување на болеста.

Борејќи се со високото ниво на холестерол, двата зачини помагаат во слабеењето и го забрзуваат распаѓањето на телесните масти.

Покрај ароматизирање на храната, куркумата и црниот пипер се погодни за правење на топол пијалак познат како „златно млеко“, во кој се додаваат уште мед и цимет. Освен што го затоплува телото во ладните денови, овој пијалак има и позитивно влијание на општата здравствена состојба.