Во Општина Благоевград се одржа прес-конференција по повод претставувањето на проектот „Интегрирани туристички активности во прекуграничниот регион Благоевград – Делчево“ (CrossTourAct), согласно Договор за субвенција бр. РД-02-29-314 од 01.04.2025 година.
Меѓу клучните активности на проектот е целосната реконструкција на Опсерваторијата – првата по неколку децении, како и изградбата на првиот Планетариум во регионот.
На настанот проектниот тим ги претстави главните цели, планираните активности и очекуваните резултати. Иницијативата се реализира во партнерство со Општина Делчево (Северна Македонија), здружението „Регионален центар за застапување“ од Делчево и туристичкото друштво ЕТ „Здравка Чимева-Алфатур“ од Благоевград, јавува Трибуна.
Проектот предвидува модернизација на туристичката инфраструктура и развој на нови форми на едукативен и еколошки туризам. Реализацијата ќе придонесе за одржливо користење на природните и културните ресурси, како и за позиционирање на Благоевград како водечки центар за иновативни туристички практики во регионот.
Проектот е финансиски поддржан од програмата ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА „Бугарија – Северна Македонија 2021 – 2027“, Приоритет 3 „Интегриран урбан развој во прекуграничниот регион“.