После неговото патешествие низ скопските болници, скопјанец го раскажува она што го доживеал – да нема болничар за да пренесе болна жена, а нема ни домашна посета да дојде дома за да даде инфузија.

Благодарам од сѐ срце што нема НИТУ ЕДЕН БОЛНИЧАР(маж) во ковид центар во 8 септември. Благодарам што брза помош и домашна посета не доаѓаат кај ковид пациенти да им стават инфузија за да ги вратат во живот. Благодарам што брзата помош вчера дојде за 1час и 45мин (од БУКУРЕШТ ДО ВОЕНА БОЛНИЦА), и дојде човекот САМ! Ем вози комбе, ем пациенти крева, змај! Благодарам што во ковид центрите влага КОЈ САКА и нема никаква контрола на протокот на пациенти, позитивни и негативни!
БЛАГОДАРАМ!!!
ВИСТИНСКИ БЛАГОДАРАМ на случајно затекнатиот човек којшто беше НЕГАТИВЕН и свесно се изложи на ризик помагајќи ни да ја пренесеме жената од кревет на носилка.
Благодарам, Венко, благодарам Зоране, ваксајн up your ass!! Обезглавен да е следниот висок “државник” што ќе се дрзне да каже дека ова УМРЕНО ТРУЛО ЗДРАВСТВО успешно се справува со предизвиците од пандемијата.
БЛАГОДАРАМ што комплетно го имплементиравте принципот “ако немаш пари – умри”.
БЛАГОДАРАМ!!

Благодарам од сѐ срце што нема НИТУ ЕДЕН БОЛНИЧАР(маж) во ковид центар во 8 септември. Благодарам што брза помош и…

Posted by Sase Ljoles on Friday, 12 February 2021

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.