Денеска на први Март, денот на Баба Марта во затворениот дел на галеријата на бугарскиот Културно- информативен центар во Скопје се реализираше третата креативна работилница за оваа година за изработка на мартинки, јавува БКИЦ Скопје, пренесува Трибуна.
,.Празникот Баба Марта во бугарските традиции е симбол на пролетта и носи со себе желби за здравје и плодовитост во почетокот на новиот циклус во природата. По традиција на работилницата организирана од БКИЦ Скопје и БНУ ,,Здравеј” мартинки правеа ученици од училиштето , нивните родители и други пријатели на Културниот центар во Скопје. Мали и големи создаваа различни модели на мартинки преку различни техники. Честита Баба Марта”, велат од БКИЦ Скопје.