Од 2 до 10 јуни 2025 година, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица се одржува четвртото издание на Фестивалот на камерна музика „Classica International Festival Strumica“ 2025. Во рамките на програмата се предвидени пет концертни настани, посветени на камерната музика и класичното уметничко изразување.

Како што информираат од Бугарскиот културно-информативен центар (БКИЦ) – Скопје, на 5 јуни (четврток) ќе се одржи концерт на бугарскиот гудачки квартет „Арте“. Квартетот настапува во состав: Десислава Петева – флејта, Демни Гигова – виола, Теодора Атанасова – виолончело и Петја Баговска – контрабас.
БКИЦ-Скопје и оваа година е партнер на фестивалот „Classica International Festival Strumica“ и го поддржува учеството на музичарите од Бугарија.