Бизнисменот Горан Рафајловски во гостувањето на Сител побара да се формира експертска Влада со цел излез од пандемијата, бидејќи Собранието во моментот е нефункционално и не можат да се донесат законите кои се од клучна важност за граѓаните и бизнисот.
-Го молам политичкото раководство и структури на Република Македонија да се соземе и ако не е способно вака да продолжи, да направи експертска Влада која ќе биде одобрена од политичките партии, која ќе работи 9 месеци без никаква пречка, а ќе и се дозволи и после изборите во првите 100 дена додека се направи Влада да продолжи со истото темпо да работи. И да ја предаде власта на политичката партија која ќе победи, предлага Рафајловски.