Мајкрософт ја патентираше револуционерната технологија преку која луѓето ќе можат да комуницираат со виртуелни лица, па дури и со починати блиски.
Иако тоа што некоја компанија патентира одредена технологија не значи дека истата технологија ќе види успее, патентот кој Мајкрософт го регистрираше во САД би можел на многу да им донесе утеха и да им го олесни периодот на тагување, пишува Дневник.хр.
Мајкрософт наводно патентирал систем за размена на пораки кој е управуван од вештачка интелигенција, а чија главна задача е да имитира некое лице, на пример починат член на фамилијата или пријател.
Иако на прв поглед идејата потсетува на нешто од научно-фантастичните филмови, реалноста да можете да „поразговарате“ со драга личност и откако таа повеќе нема да е тука би можело на многу да им го олесни периодот на тагување.
Во Мајкрософт замислиле тој сервис да функционира во облик на апликација за паметен телефон, а за навистина да функционира, потребен му е пристап до голема количина на приватни и чувствителни информации, како пишувања со некоја личност, за вештачката интелигенција да препознае и да научи да го имитира стилот на кој некоја личност пишува, зборови кои ги користи и начинот на кој што се изразува.
Како главен извор на податоци се споменуваат профилите на социјалните мрежи и апликациите за допишување, пренесува Дневник.
Со обѕир на тоа дека дигитална присутност на интернет и социјални мрежи е се посилна, на вештачката интелигенција не би требало да и е многу тешко да собере доволно информации за создавање „виртуелна“ личност, се наведува во текстот.
Сепак, како што додава Дневник, се поставува прашањето дали лицето кое починало би сакало неговиот „дигитален живот“ да се користи и после неговата смрт.
Очигледно дека, ако оваа апликација некогаш проработи, ќе биде потребно да се обврне посебно внимание на правилата за користење, а можеби во иднина во тестаментот ќе наведуваме дали сакаме нашите најблиски да комуницираат со нас после нашата смрт, пишува Дневник.