Поранешниот англиски репрезентативец Дени Дринквотер најверојато ќе почека за дебито во новиот клуб Касимпаша поради бизарна причина.
Имено, Дринквотер се повредил за време на тренинг во базен, според медиумите во Турција станува збор за повреда на бутниот мускул.
Дринквотер неодамна пристигна на позајмица во Касимпаша од Челси. Претходно беше на позајмица во Барнли и Астон Вила, но поради непрофесионалниот живот и честите инциденти надвор од терените не се задржа многу во овие екипи.
Сега ќе се обиде својата кариера да ја оживее во Турција, но ќе мора да почека за дебитантскиот настап за Касимпаша.