Битолската гордост, ФК Пелистер е во лоша ситуација. Нема пари, нема финансии, нема фудбалери. Од ФФМ доби ултиматум. Најдоцна до четврток да регистрира најмалку 12 фудбалери, што е минимален услов за ПМФЛ, во спротивно нема да добие лиценца за настап во Првата лига.
Пелистерци во овој момент немаат регистрирано доволен број на професионалци, па се соочуваат со голем проблем. Во моментов на клубот му недостигаат повеќе од половина играчи со професионални договори од предвидената минимална граница.