Битолчанец, Нашоку Марио кој 20 години живее и работи во Букурешт, Романија се вакцинирал против Ковид 19, со вакцината на Фајзер. Тој е физиотерапевт во сопствена ординација за кинезитерапија. Во разговор за порталот „Бабамбитола“ тој на смеа рече дека може да го викаат „Фајзеро“.

-Се вакцинирав пред неколку денови против Ковид 19. Пред да се одлучам да ја примам вакцината учествував на три симпозиуми специјално за вакцинирање на ковид 19 и фактот дека први се вакцинираа 6 милиони од медицинскиот персонал во целиот свет мислам дека заслужува луѓето да знаат дека е многу потребно да се вакцинираме оти само така можиме да го победиме вирусот, вели  Нашоку Марио.