Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 12 до 18 април 2021, тестирани се вкупно 21.763 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намување од 20,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.199 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 24,3% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.086; 40,1%), со неделна инциденца – 337,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 397,4/100.000 е регистрирана во Битола
Процентот на позитивност се движи од 15,3 до 27,9%, просечно 22,6 %.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.722, 33,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=919; 17,7%), 40-49 (n=882; 17,0%), 30-39 (n=835; 16,1%) и 20-29 (n=506; 9,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=95; 1,8%) и 10-19 години (n=240; 4,6%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.921 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 3,1% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 206 смртни случаи од 26 градови, 25,4% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 175 лицa биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, по 5 лица од возрасните групи од 40-49 и 30-39 години и еден од 20-29 години.
Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ се изврши секвенционирање на 48 селектирани SARS CoV-2 позитивни примероци. Истите беа одбрани од периодот 01-31.03.2021. Резултатите од секвенционирањето покажаа присуство на генотипот UK variant кај 98% од тестираните пациенти.
Дополнително, направено е скринирање за присуство на варијанти од посебно внимание на 200 пациенти кој детектира 5 варијанти. Доминантен сој застапен со 100% меѓу тестираните примероци е т.н британска варијанта.
Заклучно со 18.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.020 здравствени работници со прва доза (4.019 – Pfizer/Biontech и 3.001 – Sputnik V) и 6.750 (3.891-Pfizer/Biontech и 2.895- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 73 години и заклучно со 18.04.2021 вакцинирани се 13.575 лица. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде се вакцинирани вкупно 18.376 лица.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.