Денешниот прв состанок на работната група за економија, трговија и иновации, која ќе има редовни средби и континуирана работа во повеќе сфери, како иновации и претприемништво како и поддршка на проекти за иновации и развој, хармонизација на економската регулатива помеѓу двете земји како и соработка во програмите во земјоделие, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Исклучително е важна отвореноста за поттикнување и заштита на инвестициите и инвеститорите во нашата држава преку размена на искуства за грижа за инвеститорите како и соработка за стимулирање на развој на старт ап еко системот преку потпишување на меморандум за соработка помеѓу два иновациски фондови. Работата ќе продолжи, на почеток на следниот месец повторно ќе се сретнеме и ќе преминеме во имплементација бидејќи сите иницијативи се важни за нашите граѓани и економскиот развој, вели тој.
Инаку, денешниот состанок е прв на работните групи кои се новоформирани по двете средби на владините делегации предводени од Ковачевски и Петков пред десетина дена.