Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи синоќа во клик влус изјави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не разбира економија. Тој ова го кажа откако Мицкоски ја нападна власта дека не знае да се справи со економската криза, Битиќи му одговори:
„Претходните денови еден новинар ме праша: „Мицкоски предлага пензиите да се покачат минимум 20%“. Јас кажав дека ако така се води економија, ќе предложам 50% покачување. Но, ова не е пазар, ниту трговија. Јас не сакам да слушам што кажува опозицијата. Таа докажа како се води држава. Вчера имавме состанок во владата со сите економски чинители, само од опозицијата немаше.
Имаат нелогични барања. Замислете, бараат 50% намалување на акцизата. Не знаат како тоа функционира. Акцизата беше три денари, и таа е тргната“, изјави Битиќи.