Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека проблемот со јавниот превоз е во ЈСП.
Битиќи е дециден дека Владата не должи средства на ЈСП и сите нејзини обврски кон јавното претпријатие се подмирени.
„А тоа што некој може да толкува одредени законски решенија и без притоа да воопшто ја праша Владата дали има, дали може да рачуна на приходи тоа не се обврски преземени, нит се долгови“, додава Битиќи.






















