Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на Фејсбук им се заблагодари на сопартијците кои му дадоа доверба и го изгласаа за еден од четворицата потпретседатели на СДСМ на денешниот 26. конгрес на партијата.
-Социјалдемократските вредности ги живеам секој ден. Чест ми е и благодарен сум за довербата од претседателот Зоран Заев, истите, да продолжам да ги ширам и надградувам како потпретседател на најголемата и најпрогресивната партија во земјава. Честитки за избраните членови во надзорниот, извршниот и централниот одбор, Сања Лукаревска која е новата заменик претседателка, реизборот на Љупчо Николовски како генерален секретар на партијата а и на моите колеги, сопартијци, потпретседателите Мила Царовска, Оливер Спасовски и Венко Филипче. Заедно со Марко Михајловски кој е претседател на нашите млади социјалдемократи, Бојан Маричиќ како секретар за меѓуародна соработка, Мартин Попов кој денеска беше избран за нов организационен секретар и сите членови на СДСМ кои се јадро на вредности и храброст, продолжуваме со работа и уште посилни успеси!, напиша Битиќи на Фејсбук.