Растот на цените пред се на прехранбените производи не треба да ги загрижува граѓаните, вели вицепремиерот за економија Фатмир Битики. Битиќи иако посочи дека го ситуацијата е под контрола, и нема посериозни зголемувања на цените, сепак тој изјави дека во моментов не сака владата да реагира со евентуални мерки за ублажување на ценовниот шок, се со цел пред избори власта да не биде погрешно разбрана.
„Мислам дека во овој момент е под контрола и од аспект на зголемување на цени и од аспект на инфлацијата мислам дека граѓаните во овој момент не треба да бидат загрижени зошто сите показатели укажуваат дека нема да имаме ценовни шокови кои што би можеле да влијаат но еве да почекаме да поминат локалните избори и да зборуваме за подобри работи“, рече Битиќи.
За разлика од убедувањата на одговорниот за економските политика на Илинденска број 2, последната пресметка на синдикатот за минималната потрошувачка кошничка покажува дека живеачката сериозно поскапува. За една година, основните животни потреби на месечно ниво се поскапени за речиси илјада денари. Податоците велат дека за набавка на истата храна што сме ја набавувале лани ова време сега се потребни дополнителни 400 денари. За 400 денари се повисоки и режиските трошоци. Граѓаните веќе реагираа за зголемената цена на основниот прехранбен производ лебот и пецивата кај дел од помалите пекари кое следуваше по големиот раст на цената на маслото за јадење.
Иле Петревски