Отворен сум да седнеме и да разговараме со угостителите и да изнајдеме решение, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи непосредно пред отпочнувањето на за денеска закажаниот протест на угостителите.
„Сите сме погодени од кризата, некој е погоден здравствено, а некој економски, но на крај од кризата ќе треба сите заедно да седнеме и да видиме како да заздравиме од кризата. Затоа сум отворен да седнам да разговарам со секој еден кој смета дека има потреба за разговор, рече Битиќи.
– Advertisement –
Тој посочи дека угостителите се идентификувани како еден од најпогодените сектори во предложените економски мерки.