Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи изјави дека ова е време на преживување и прават се како Влада да му помогнат на стопанството во набавката и добивањети на електрична енергија.

-Се обидуваме да најдеме суровини за да се произведе дополнителна количина на електрична енергија која што ќе се дава на располагање на стопанството по цена која што е пониска од таа на берзата. Ако можеме да најдеме одредени колилчини на електрична енергија, секако ќе ја увеземе за потребите на стопанството. Има позитивни сигнали, се уште не можеме да збруваме за бројки, сметам дека следната недела че имаме конкретни сознанија што тоа што можеме да го понудиме на стопанството.