СДСМ продолжува со трибините и средбите со граѓаните.
Битиќи од трибината на СДСМ „Силно и одлучно“ во Ранковце порача: Ова е нашето СДСМ, кое ветува, работи и сработува за сите наши граѓани. Денеска доаѓам од настан со кој одбележавме почеток на градба на железницата на Коридор 8.
Поточно источниот дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка. Неодамна започна нашето поврзување со Европската Унија и нејзините членки и институции со отпочнување на преговорите. А денеска одбележуваме инфраструктурно поврзување преку започнување со изградба на железничкиот Коридор 8.