На Коридорот 8 вложуваме во инфраструктурни проекти во вредност од околу 2,5 милијарди евра и тие се јасен сигнал и кон нашите сограѓани, соседите во регионот, но и во Европа дека инвестираме во иднината, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој со вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалнот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски извршија увид во градежните активности на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.
Вицепремиерот Битиќи изјави дека само во севереоисточниот дел од нашата земја, во патната и железничката инфраструктура, има проекти во вредност од 700 милиони евра, кои ги опфаќаат изградбата на овој експресен пат, проширување на патот од Крива Паланка до Деве Баир и рехабилитација на патот од Куманово до Страцин, но и изгрдабата на пругата од Куманово до границата со Бугарија.
Потенцира дека активно се работи и на западниот дел од Коридорот 8 каде е веќе во изградба автопатската делница Кичево – Охрид во вредност од речиси 600 милиони евра, а во план е изградба, односно реконструкција на автопатскотото решение Ќафасан – Требеништа и Тетово – Кичево, за кое, како што рече, сметаме дека ќе биде решение со коешто еднаш засекогаш ќе биде завршен Коридорот 8 и ќе осигураме поврзување со две соседни земји.
Исто така, железничкиот Коридор 8 во западниот дел од земјата е во план да се гради со нова делница од Кичево до Лин за кој имаме веќе готов проект со проекција од околу 500 милиони евра, а за кој веќе започнавме да коминицираме со меѓународните финансиски институции за обезбедување на средства. Сите овие проекти на Коридорот 8 кои се во вредност од околу 2,5 милијарди евра се јасен сигнал и кон нашите сограни, соседите во регионот, но и во Европа дека инвестираме во иднината. Ова е наш влог и доказ за силната посветеност да создадеме квалитетна, безбедна транспортна мрежа за просперитетна С. Македонија, за поинтензивна регионална соработка и за подобар живот на нашите граѓани, порача Битиќи.