Домаќинствата од 1ви јануари нема да имаат покачување на сметките за струја, односно оние кои разумно и штедливо ја трошат струјата, а тоа во последниве месеци, особено, се покажа дека се скоро сите наши граѓани, над 99%, и се во рамки на првиот и вториот блок на потрошувачка на електрична енергија, ќе имаат или мало намалување или незначително зголемување на сметки за струја напиша Битиќи на социјалните мрежи.
Вицепремиерот за економски прашања, порачува:
Сакам да се заблагодарам на сите сограѓани кои разумно и одговорно ги користеа ресурсите во оваа криза како и на сите вработени во производствените капацитети за електрична енергија.
По неколку месеци справување со оваа криза мислам дека можеме да кажеме дека се справуваме успешно.
– Секое семејство беше субвенционирано со околу 20.000 денари претходната година за сметки за струја
– Од 1ви јануари нема да има покачување на цената на струјата, иако ќе го вратиме назад 10% износот на ДДВ-то
– Обезбеден е гас за затоплување на домовите со топлинска енергија
– Сите домашни производствени капацитети работат со полн капацитет и произведуваме доволно енергија од домашни капацитети
– Се рестартира третиот блок на Рек Битола
– Забрзано се инвестира во обновливи извори на енергија
Граѓаните можат да се мирни, имаат држава која се грижи и тоа го докажавме и покажавме.
Само така е правилно и така и ќе продолжиме.