Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ посочи дека граѓаните од сега ќе имаат увид во секоја бројка која се однесува на задолжувањето, капиталните инвестиции и слично. Исто така, Битиќи вели и дека актуелната власт се обидува на секој начин да го ублажи падот кој е направен пред владеењето на ова раководство.
„Задолжувањето беше неопходно за исплата на пензиите, самохраните родители и ранливите категории. Економските мерки се напланираните трошоци, по што се зголеми буџетскиот дефицит. Вчера објавивме нова алатка, со што ќе имаме секој ден бројка на капитални инвестиции, државен долг и слично. Ова што сега го враќаме, не е нешто што сме го направиле“, вели Битиќи.