Заедништвото е клучната порака која во наследство ни ја има оставено македонската револуционерна борба, порача вицепремиерот Фатмир Битиќи преку социјалните мрежи по повод празникот 23-ти Октомври.
-Пораката за заедништво особено се истакнува во Крушевскиот манифест. Таму, со повикот до комшиите и пријателите без разлика вера, убедување и народност, всушност, е вградена визијата за Македонија. Таа порака со желба за подобар живот е света водилка по која се водиме до денешен ден. Делбите се најголемата пречка за напредок на државата. Да ги запреме поделбите. Да се обединиме внатре, да се помириме со соседите за обединување со европското семејство. Честит 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба, пишува Битиќи.