Навремено преземените мерки на Владата, како замрзнување на трговски маржи во трговијата, намалување на стапката на ДДВ од 10% на 5% кај основните прехранбени производи, субвенционирањето на електричната енергија на производителите на прехранбени производи, како и замрзнувањето на цените на основните производи во маркетите кои се со „гарантирана цена“, даваат реални резултати.
Поради сето ова, во октомври имавме пад на инфлацијата на 3,5%, од рекордните 19,8 во октомври минатата година. А денеска угледниот сајт www.tradingeconomics.com, забележува дека Северна Македонија е единствена во регионот и Европа со пад на цените на храна од 4,36%.
Ова е уште една потврда дека оваа Влада се грижи за граѓаните и граѓанките на оваа земја и дека прави максимални напори во борбата со растечките цени на храната на светските пазари со цел да го заштити животниот стандард, и истиот во исто време да го унапреди преку константно зголемување на пензиите, и на минималната плата, истовремено креирајќи поволна и предвидлива бизнис клима каде растот на платите во приватниот сектор ќе продолжи и понатаму.
Дополнително, со носење на новиот Закон за нефер трговски практики, ќе се ограничат појавите на волунтаристички и неетички бизнис практики, кои дополнително ќе ги заштитат граѓаните. – објави вицепремиерот Битиќи на своите социјални мрежи.