Северна Македонија и Полска имаат голем потенцијал за развивање на трговската размена, посочи вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешната средба со парламентарна делегација од Полска, предводена од Ричард Терлецки, заменик-претседател на полскиот Парламент.

Битиќи, како што соопшти неговиот Кабинет, нагласи дека иако Полска постојано се вбројува во нашите 10 до 15 најголеми трговски партнери, ова не ги одразува целосно економските потенцијали кои ги имаме како земји.

Заменик-претседателот на полскиот Парламент, Терлецки се заблагодари за приемот, и додаде дека оваа посета ќе послужи како основа за дополнителен развој на добрите односи помеѓу двете пријателски земји.

Терлецки посочи дека Северна Македонија ја гледаат веќе како членка на ЕУ и се надева на брзо заокружување на нашиот интегративен процес.

На средбата заменик-претседател на полскиот Парламент беше придружуван од Анита Червињска, претседателка на пратеничка група за соработка Полска – Република Северна Македонија, Влоѓимјеж Бернацки, државен секретар во Министерството за образование и наука, Јацек Осух,  Ана Квјеќењ и Богуслав Соник, членови на пратеничка група за соработка Полска – Република Северна Македонија, Nаталjа Јаскjевич, заменик директор на Бирото за меѓународни работи на парламентот,  Клаудjа Фалкjевич, Биро за меѓународни работи и, Кшиштоф Гжелчик, Амбасадор на Полска во Северна Македонија.